Олуци

Во нашата производствена програма нудиме повеќе видови на олуци и пропратни акцесоари за истите:

1. Стандардни (Квадратни) олуци
  • За индивидуална градба/ Куќи
  • За индустриски објекти
    • Тип R 31;
    • Тип R 41;
    • Тип R 33 ;
    • Тип R 50;
    • Тип R 60.

    Квадратните олуци се користат при изградба на индустриски, но и кај мали индивидуални објекти. Еден систем од квадратни олуци е составен од: 1. квадратен олук; 2. квадратна кука; 3. квадратна цевка; 4. квадратна шелна. Квадратните олуци можат да се произведат од различни видови на материјали:

  • пластифициран,
  • поцинкуван лим,
  • полиестер во различни бои;

2. Кружни и полукружни олуци

Овој тип на олуци најчесто наоѓаат примена при индивидуални градби, но некогаш и кај индустриски. Компоненти на еден полукружен систем се: 1. Полукружен олук; 2. Завршеток на олук; 3. Кука за олук; 4. Внатрешно и надворешно винкло; 5. Цевка; 6. Олучен котел; 7. Колено; 8. Шелна.

Сите компоненти на системот се поцинкувани и електростатски преку пластифицирање со полиестерски бои, што обезбедува долг век на траење и естетски убав изглед без многу одржување.

Овие олуци се изработуваат од различни материјали:

  • пластифициран,
  • поцинкуван лим,

Олуците кои се произведуваат од пластифициран поцинкуван лим со финална полиестерска заштита може да се најдат во различни бои.

Компонентите на ваквите системи се прикажани на следниве неколку слики.