Термо Панели
Термо или Фриго панелите се користат за изградба на простории со многу високи барања за топлинска изолација (U≤0,22W/m2K) и контролирана внатрешна температура. Овие панели може да се користат за изградба на ѕидовите од Разладните Комори како и Плафонот на истите . Тие се достапни во следните видови: -Мазни, кај кои и двете страни (надворешна и внатрешна) на панелите се со мазна конфигурација; -Нормално/ниско ребро, кај кои и двете страни (надворешна и внатрешна) на панелите се оребрени со ниско/нормално ребро; -Комбинирани, кај кои клиентот може да избере која од страните на панелот да биде мазна или со ниско ребро.