Профил на компанијата

Компанијата ВАМЕТАЛ е основанa во 2000 година и е во 100% приватна сопственост.
На почетокот од своето работење фирмата беше орентирана кон трговијата со Ладновални и Топловани Лимови. Во 2003-та ВАМЕТАЛ инвестираше во нов сопствен магацински и производствен погон, со што во понатамошното работење фирмата го прошири својот асортиман и започна со трговија на Поцинкуван и Пластифициран лим, како и производство на комплетна палета на производи од Лимарска Галантерија.

Водени од ентузијазмот и желбата да се биде се поблиску до потребите на нашите клиенти и со постојана тенденција да се шири палетата на производи, ВАМЕТАЛ ги насочи своите инвестиции во набавка на машини, со цел да создаде прв Сервисен центар за лимови и метали во југоисточниот регион на Македонија

Со вложувањето на огромен труд и работа ВАМЕТАЛ со текот на годините стана една од водечките фирми во областа на производството, продажба и монтажа на профилирани наребрени лимови, челични конструкции, олуци, Градежна лимарија и целокупна Лимарска галантерија.

Компанијата ВАМЕТАЛ во 2010 година стана увозник на врвниот производител на Термо Панели KAMARIDIS Грција - и врши увоз на секаков вид на Термо панели од нивната производна програма.

ВАМЕТАЛ како компанија има формирано и стручен тим за монтажа на Полиуретанските Сендвич панели, погодни за изградба на Индустриски Објекти, и располага со повеќе од 4000 м2 Термо панел во секој момент на својот сопствен склад.

Во 2016година ВАМЕТАЛ стана главен застапник на Сендвич панелите на компанијата PAGOUNI GR која нуди високо квалитетни панели со секаков вид на ребро,боја и дебелина.

Во 2021 година за прв пат Компанијата ВАМЕТАЛ стана увозник и на програмите на Сендвич панели од албанската фирма ISOTECK ALBANIA и бугарската фирма EVROPAN BG.

ВАМЕТАЛ го поседува следниот машински парк:

  • Ролл форминг машина со профил ТР 35/210 и ТР 20/170, на која може да се врши профилирање на сите лимови so неограничена должина со точност на дел од милиметарот;
  • Ролл форминг машина за обликување на лимот во вид на ќерамида во неограничени должини според потребите на клиентите;<;li>
  • Апканти за изработка на лимена галантерија: слемиња, ветерлајсни, икснии и други елементи од лим до 8 метри
  • Машина за надолжно сечење на лим до дебелина од 1 мм и ширина на ленти дадени од нарачателот.
  • Протечна линија за производство на кружни и полукружни олуци

Денес фирмата брои 15 вработени, 20 постојани кооперaнти, 1 сопствен современ погон со нови современи машини , два сопствени складови за Метални профили и Сендвич панели и свој возен парк.